Течат последните часови од ултиматумот на Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека денес до Собранието ќе поднесе иницијатива за гласање недоверба на Владата, доколку премиерот Зоран Заев не ја достави најавената оставка. Мицкоски посочи дека ќе ја поднесе инцијативата во 14.30 часот.

Тој ги повика пратениците од владејачката коалиција на СДСМ да бидат дел од новото мнозинство, заедно со ВМРО-ДПМНЕ, Левица и со албанските Алтернатива, Алијанса за Албанците и БЕСА. Оваа коалиција има вкупно 61 пратеник од 120-те во Собранието.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *