Фолкерката Татјана Стефановска организира луда и незаборавна крштевка за својата ќерка

Среќната мајка ужива во својата нова улога и во секој момент поминат со наследничката, а убавите  моменти на радост и бескрајна среќа битолчанка и нејзиниот сопруг,  музичарот Митко Бежановски викендов, ја крунисаа со крштевката на нивното прво дете.

Имено,  како што налага православната вера и убавите македонски обичаи, малечката наследничка беше крстена, а пота во нејзина чест следуваше и голема крштелна веселба. Собрани роднините од најблиското семејство и пријателите, заедно со родителите се веселеа и го прославуваа крштевањето на малата Ана. Прославата весела, во еден реномиран угостителски објект, онака како што доликува: со богата софра, расположени гости, добра музика и уште порасположени домаќини.

Свирачете добро накитени со бакшиш, а со оглед на тоа што од нивната фела е и среќната мајка, и Татијана се фати за микрофонот па запеа на крштевката на својата наследничка, малата Ана.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *