Тони Коњановски: Гарантирам, Битола ќе биде градот со кој заедно ќе се гордееме!

Изјава на д-р Тони Коњановски:

Мои битолчани,

Од првиот ден во изборната кампања гарантираме дека заедно, со ваше учество ќе ја направиме Битола поубаво место за живеење!

Од првиот ден гарантираме дека Битола ќе биде општина за СИТЕ, за секој граѓанин на Битола!

Денес сме овде, на едно од омилените места на битолчани, исто и мое, на „ТУМБЕ КАФЕ“ – СМОЛЕВО.

За сите нас ова е култно место каде многумина од нас секојдневно рекреираат. Токму овде гарантираме РЕВИТАЛИЗАЦИЈА И ИЗГРАДБА НА РЕКРЕАТИВЕН ЦЕНТАР „ТУМБЕ КАФЕ“ – СМОЛЕВО.
Станува збор за комплетна рекреативна, забавна и културна зона за битолчани. Овој проект вклучува: трим-патеки, осветлување, клупи и комплетни сервисни содржини за граѓаните.

Проектот предвидува и поврзување на Тумбе – кафе со месноста Смолево со пешачка и велосипедска патека.

Тумбе – кафе, не е само рекреативен симбол на Битола, Тумбе -кафе сме сите ние, Тумбе – кафе се спомените на битолчани.

Со овој проект, добиваме една голема и заокружена целина, која би можела да почне од Широк Сокак, преку Шеталиштето до Градскиот парк, па низ Тумбе – кафе се до Смолево.

Почитувани, гарантираме создавање ИСТИ стандарди за живеење и задоволување на основните потреби на сите луѓе во Битола!

За мене не постојат поважни и помалку важни граѓани, за мене сите СМЕ битолчани!

За сите гарантираме развојни проекти усогласени со природната средина.
Гарантираме проекти за заштита на воздухот, водите и почвата во Битола.

Гарантираме, Битола ќе биде градот со кој заедно ќе се гордееме!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *