ВМРО-ДПМНЕ: Народот жестоко го порази Заев, со СДСМ може да има само прогрес на криминал и сиромаштија

ВМРО-ДПМНЕ и народот го победи СДСМ на овие избори со над 55 илјади гласови разлика. Откако неуспешно велеа дека се најдобри, денес СДСМ вели дека ќе донесат прогрес. По 5 години власт нивниот прогрес е прогрес на криминалот, корупцијата, прогрес на инфлацијата и цените во маркетите, прогрес на трошоците за живот, се огласија преку писмено соопштение од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Прогрес на аферите и скандалите, на неказнетиот криминал, на неуспесите во здравството, КОВИД жртвите, експериментите во образованието. Прогрес на нивниот личен имот и лични удобства, за сметка на сиромаштијата кај народот. Нивниот прогрес е регрес за народот и земјата. Со СДСМ може да има само прогрес на криминал, корупција и матни тендери. Прогрес во изминативе 5 години со Заев видовме само во плантажите со марихуана на Заеви и ним блиските фирми. Прогрес имаме на криминалци фатени инфлагранти како вршат кривично дело и наместо во затвор завршуваат на слобода или во домашен притвор, како Рашковски, Чипсио, Ден Дончев“, е потенцирано во писмениот допис од оваа партија.

Додаваат дека прогрес со СДСМ има во провизиите со вакцини.

„Веќе никој не му верува на Заев па, ниту неговите во партија. Заев изгуби и му се случи дебакл. Заев го очекува дебакл во втор круг и тоа го знае. Народот јасно се определи за промени“, стои во соопштението од партијата на Мицкоски.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *