Коњановски: Битола мора да се развива и да биде вистински дом на сите луѓе кои живеат во неа!

Битола отсекогаш била прогресивна, предвесник на сите победи!, рече во денешното обраќање кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Тони Коњановски.

„Мои битолчани, Ви благодарам !!!!Ви благодарам што самите, силно и јасно одлучивте за себе, за својот град! Ви благодарам што видовте дека и јас сум еден од вас, битолчанец, граѓанин кој сака да работи заедно со вас, за да живееме подобро, овде, во поубава Битола! Ви благодарам за довербата, ви благодарам за мудроста, огромна благодарност за заедништвото – Битола мора да се развива и да биде вистински дом на сите луѓе кои живеат во неа!Битола отсекогаш била прогресивна, предвесник на сите победи!Ви благодарам што останавте горди и силни, што не дозволивте да ве уплашат заканите, што не замолчивте под притисоците на државниот апарат.Вчера покажавте дека нашиот живот, нашиот глас не е за некој да прави трговија со него!Два и два се четири во трговијата но во политиката народот не смее да биде користен за калкулации и изборни математики!Секој битолчанец има свој сопствен силен глас и го даде за подобро живеење!И ќе го даде уште еднаш на 31-ви октомври за подобра Битола!Ќе го даде за силен локален економски развој, за нови работни места, за развиена инфраструктура.Јас и мојот тим стоиме цврсто на дадената гаранција за здрава животна средина во Битола, за модерно образование, за социјална заштита, повеќе градинки и домови за возрасните, за спортска Битола – гордост и на спортистите и на навивачите, за Битола да биде вистинска туристичка атракција!Гарантираме многу работа, стручност и професионалност, секогаш ќе носиме одлуки заедно со вас, секогаш ќе го слушаме вашиот глас!Мои битолчани, за само уште две недели и заедно ќе почнеме да работиме за обнова на Битола за заедно да создадеме подобра иднина! Битола мора да победи!, “ рече Коњановски. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *