„Поинаку“: Заедно со Вас растeме од 2017 година, па наваму

Битолчани, големо ФАЛА. Вака „Поинаку“ се заблагодари за довербата која вчера им ја дадоа гласачите на нивната листа за советници во идниот состав на Советот на општина Битола. Според резултатите објавени на ДИК, за советничката листа на „Поинаку“ гласале 4331 избирач или 9,45 проценти од гласачите. Со ова „Поинаку“ е трета по бројот на освоени гласови на вчерашните избори.

„Заедно со Вас растиме од 2017 година, па наваму!

2017 година -2969 гласа 2 советници

2021 година- 4331 глас   3 советници

Нема да ја изневериме Вашата доверба!

Секогаш Ваши, Поинаку!“ напишаа од Поинаку“.

Носителката на листата Габриела Илиевска вели дека ретко кога останва без текст.

„Ми требаа неколку часа да најдам зборови со кои ќе кажам колку вчера Битола победи“ вели Илиевска и искажа благодарна на сите кои ги поддржаа, кои веруваа во нив и кои гласаа за нив.

„Без скапи реклами, без скапи флаери, со полно срце, чиста мисла и голема љубов кон градот испишавме историја. Нема да Ве разочарам и никогаш нема да го напуштам патот кој го одам за Битола. Единствените победници на овие избори е Поинаку и Битола“ веле Илиевска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *