Наташа Петровска се враќа во образованието

Актуелната градоначалничка на Битола, Наташа Петровска, која не ја доби довербата на матичната партија СДСМ да се бори за втор мандат, по завршувањето на локалните избори ќе се врати во образованието. Ова Петровска го соопшти доцна попладнево преку својот фејсбук-профил.

Инаку, Петровска пред изборот за градоначалничка на Битола работеше како професорка по математика во СТУ „Ѓорги Наумов“.

Петровска се до последен момент важеше за главен фаворит да биде кандидат на СДСМ на овие избори, но последните анкети покажаа дека Христо Кондовски имаше предност пред неа. М.М.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/republika/%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0%D1%88%D0%B0-%D0%BF%D0%B5%D1%82%D1%80%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D1%81%D0%B5-%D0%B2%D1%80%D0%B0%D1%9C%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%BE%D0%B2%D0%B0/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *