Убедлива победа на Коњановски Битола одбра иднина

Почитувани,

Битола и битолчани кажаа ДА ЗА, ПРОМЕНИ ПРОЕКТИ  и ПОБЕДА на ВМРО ДПМНЕ и кандидатот за градоначалник д-р Тони Коњановски” – изјави претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Битола, Пеце Милевски.

Битола знае да препознае програма и вистински квалитет, наспроти неработење и безидејност како последните 4 години. 

Битолчани се одважија и се спротиставија на сите притисоци, нечесни игри, обидите за поткуп од страна на власта и кажаа гласно НЕ! 

Победуваме секаде од Нова Битола до Д. Оризари,  од Г. Оризари до Буковски Ливади, од Цапари до Кукуречани, во центарот на градот, од Баир до Јени Маало.  

Од  вкупно 170 ИМ досега аналитичкиот центар има обработен 68 ИМ од кои нашиот градоначалник води со 8000 наспроти 6400 гласови. Водиме исто така и на советничката листа. 

Му се заблагодаруваме на сите граѓани што се одважија и ја дадоа поддршката на ВМРО ДПМНЕ! ВМРО ДПМНЕ ќе биде ефективна, ефикасна и одговорна локална самоуправа, за сите граѓани, вистински јавен сервис каков што битолчани заслужуваат! 

Нека ни е вечна Битола, нека ни е вечна Македонија!” – порача Милевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *