Во дерби натпревар Матрикс и ЕЛЕМ ги поделија бодовите

Матрикс 3-3(0-1) ЕЛЕМ

Матрикс: Тони Брњарчевски 30’ 32’ Ивица Алампиоски 22’
ЕЛЕМ: Влатко Петровски 27’ Роберт Здравковски 2’21’

Екипите на Матрикс и ЕЛЕМ одиграа вистински дерби натпревар, екипата на ЕЛЕМ уште во првата минута постигна гол и најави дека ќе бидеме сведоци на доста возбудлив натпревар. На двете страни се играше доста брзо луцидно со одлични фудбалски потези, на полувремето екипата на ЕЛЕМ успеа да ја задржи предноста од првата минута не дозволувајќи му на Матрикс да ја игра својата препознатлива игра. Во второто полувреме ЕЛЕМ продолжи со одлична игра што му овозможи преку контра напад да дојде до гол и да го зголеми водството на 0-2. Но екипата на Матрикс успеа да ги консолидира своите редови и преку ефективна игра да фати резултатски приклучок. Во завршниот дел од натпреварот се играше егал иако се обидуваа во отворен фудбал да дојдат до победа но тоа не им појде од рака па со резултат од 3-3 ги поделија бодовите.

Leave a Reply

Your email address will not be published.