Стевче Стевановски – кандидат за градоначалник на општина Новаци

Предизборно обраќање на Стевче Стевановски, кандидат за градоначалник на општина Новаци:

ПОЧИТУВАНИ ГРАЃАНИ НА ОПШТИНА НОВАЦИ

Денес кога стојам тука пред Вас на ден пред Вашиот Избор морам да Ви се обратам Вас.
Јас одлучив да бидам со Вас.
Но Вие сте тие кои ќе го направите изборот со кој наредните 4 години ќе се будите и ќе заспивате.
Вие кои овие 4 години ќе бидете опсипани со одлуката која же ја донесите на 17 октомври.
Затоа, Направете разлика на овие 4 поминати години.
Видете и сетесе за миг дека бевте заборавени и устрамени.
За Ва се размислуваше само како ГЛАС.

Вие добивте ХАОС, ЛАГИ И МАНИПУЛАЦИИ.
Но затоа Љубе доби СЕ.

Тој на Ваша сметка со Ваши пари го продаваше Вашето лице и се играше со Вашето стекнато богатство и Вашиот чист и поштен образ.
Тој со Вашите пари ги полнеше своите џебови, ги вработуваше децата на тие кои денес Ве уценуваат и Ве заплашуваат.
Со еден збор Вие за Нив бевте играчки со кои тие заради нивна неспособност ги растураја направените тротоари, ја запустија секоја населена средини, ја извалкаја и загадија, ги урнисаја постојните функционални градинки, училишта, а земјоделието го ставија на ПРОПАСТ.
Тие кои се затскриваја зад Вашето име воведоја практика која може да се окарактеризира со зборот МИЗЕРИЈА со која единствено предходните 4 години владееше Љубе.
Но не е се толку црно.

17 Октомври е ден кој носи НОВИНА.
Новината ќе биде реалност.
Љубе ќе биде минато.
Новаци ќе донесе храбра одлука.
Вие ќе издејствувате свој НОВ ПОГЛЕД.
ПРОМЕНИТЕ ќе ги почувствувате Вие.
ПРОЕКТИТЕ ќе започнат и тие ќе продолжат за функционални градинки, за здрава младина, ќе продолжат за тука, за здрава животна средина, за платен земјоделски труд, и за Ваш просперитет.
ПОБЕДИТЕ ќе бидат нешто со што ќе се гореете.
Затоа немојте да се плашите, немојте да потклекнете на нивните уцени, заплашивање и немојте да дозволите да ве поткупуваат.
Вие имате своја вредност.
Вие сте богатството на Новаци.
Создадете нова и просперитетна иднина.
Иднина со која Вие заедно со мене Стевче Стевановски кој сум еден од Вас ќе бидете ГОРДИ и НЕУЦЕНЕТИ луѓе.
Ќе бдете среќни што ќе може заеднички да го согледаме и реашаваме НАШИТЕ ПРОБЛЕМИ.
Затоа на 17 октомври гласајте за број 7.

Гласајте за советничката листа на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Обнова за Македонија.

Гласајте за мене СТЕВЧЕ СТЕВАНОВСКИ како ВАШ ГРАДОНАЧАЛНИК.
Да сте живи и здрави мои НОВАЧАНИ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *