Милевски: В недела движењето ОДЛУЧНО ќе биде вистинско изненадување на Локалните избори

Горан Милевски од движењето Одлучно за промени е задоволен од приемот што го имале кај граѓаните и од средбите што ги одржале добиле уверување дека во оваа кампања,  ќе постигнат многу добар успех и ќе бидат вистинско изненадување на локалните избори.

Кандидатот за градоначалник на Битола Милевски посочи дека граѓаните го имаат последниот збор и тој е уверен во нивната доверба што ја имаат кон нив.

-ЛДП и ДОМ имаат советничка листа која произлегува од граѓаните и ќе работат за интересите на граѓаните, а јас како кандидат за градоначалник целосно ќе се посветам во активноста да го продолжиме чесното работење на актуелната градоначалничка, да ги завршиме проектите што таа ги започнала и да направиме нови проекти. Ќе ја отвориме општината за граѓаните, ќе го помагаме спортот и културата и другите области што ги ветивме со оваа програма затоа што народот тоа од нас го очекува. Градот се развива и има нови потреби, а ние ќе излеземе во пресрет на тие барања за Битола да биде модерен град каков што заслужува да биде, истакна Милевски.

Нема достапен опис

Претседателката на политичката партија ДОМ Маја Морачанин за време на престојот во Битола повика масовно излегување и гласање на неделните избори.

-Граѓаните во Битола и низ другите градови низ земјава ја препознаа чесната намера и визијата на движењето Одлучно за промени. Нашата отвореност кон граѓаните, кон граѓанските здруженија и кон експертите овозможи масовно приклучување кон нашето движење и во таа смисла мислам дека ја постигнавме нашата цел, да ги обединиме сите без разлика на етничката, партиската припадност или професионална кариера. За Битола имаме одличен тим со чесни и добронамерни луѓе кои ќе се посветат во реализирање на потребите на граѓаните, а не како што често се случувало во овие 30 години, гледање на лични или бизнис интереси. Тоа е одлика на нашите кандидати, работа во интерес на граѓаните. Со нас во Битола ќе се врати сјајот на градот, а предводен со Горан Милевски ќе придонесе во развојот на градот, град со дигитализација, заштитено културно наследство и со голема понуда за младите, истакна Морачанин.

Првите луѓе на движењето ОДЛУЧНО, Морачанин и Милевски заедно со кандидатите за членови на Советот на Општина Битола остварија средби со целни групи од тој град.

Нема достапен опис

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *