“Поинаку“ за подвижни детски градинки, уредени тротоари, рурален туризам во селата,

Во Ѓавато, Егри, Канино, Бистрица, Кравари, Барешани, Оптичари, Трн, Карамани, Долно Оризари, Кажани, Логоварди, Кукуречани, Крклино, Ротино, Цапари, Српци, Лопатица, Дихово, Трново, Магарево, Нижеполе, Брусник, Лавци, Драгожани, Поешево, Лисолај… живее традицијата, се прераскажува историјата, се јадат највкусните македонски специјалитети, но тука се спојуваат и начинот на современо живеење и проблемите со кои жителите се соочуваат секојдневно.

Во 21-ви век ние сеуште зборуваме дека нас ни е потребна канализација, чиста и здрава вода за пиење – ова се зборовите со кои не пречекаа жителите на поголемиот дел од битолските села. Решавање на деценискиот проблем ќе биде приоритетно барање во новиот состав на битолскиот совет. Подобрување на инфраструктурата, уредување на тротари, зелени површини, поставување на детски забавни содржини рамномерно со градската средина.

Предвиден е проект за подвижна градинка во руралните средини, со кој ќе бидат опфатени сите населени места, а ќе се залагаме и за олеснување на секојдневието на лицата со попреченост кои живеат во руралните средини, најпрво преку работа со соодветен кадар во подвижната градинка, но и организирање на превоз до Центарот за дневен престој за лица со попреченост во Битола.

Поттикнување на развој на рурален туризам, преку мерки како што се обуки на локалното население за отварање на сместувачки капацитети кои ќе понудат автентично сместување, со домашни национални специјалитети, како и промоција на локално, органско производство. Организирање на игранки, концерти, настапи на фолклорни друштва, повозрасните жители побараа и обновување и подобрување на културно забавниот живот на кој тие се сеќаваат од едно не толку дамнешно поубаво време.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *