Алексндар Николовски: Граѓаните подобро од нас ја знаат вистината и дури ни забележуваат зошто подиректно не ги кажуваме проблемите

Потпретседател на ВМРО ДПМНЕ оценувајќи ја изборната кампања изјави: “Граѓаните треба да направат избор, не можат две или три имиња да заокружат, затоа што ќе биде неважечко ливчето, може да заокружат едно. За да направат избор мора да знаат кого бираат, за да знаат кого бираат, мора тоа да го презентираме пред јавноста, нема друг начин. И јас би сакал да зборуваме само за проекти, паркови и стадиони, ама за жал ситуацијата е таква каква што е и Македонија не смее да продолжи во ова сивило. Јас не можам да кажам дека во Македонија се е идеално и дека не се случува тоа што се случува и тоа го гледаат граѓаните. Верувајте дека граѓаните знаат многу подобро од тоа што ние зборуваме и дури некогаш не застануваат и ни велат зошто некои работи подиректно не ги кажуваме” – рече Николовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *