Ние немаме противник туку бизнисмен кој што сака да ја приватизира Битола

Ние немаме противник туку бизнисмен која сака да ја приватизира Битола – изјави потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николовски.

И тоа им е јасно на сите, и не само на цела Битола, туку цела држава го знае тоа. И мислам дека треба да е свесен дека кога се кандидира за градоначалник, тоа е битна јавна функција, треба да е севсен дека животот му се става на излог, затоа што граѓаните мора да знаат за кого гласаат – изјави потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николовски, при денешната посета на Битола.
„Наша работа е да ги изложиме и да кажеме кои се тие, како што нивна работа е да кажат кои сме ние. И тука нема ниту лоши чуства ниту лутење, едноставно во јавен живот граѓаните мора да знаат се за да го направат изборот. А, кој што правел во мнатото тоа не може да се избрише затоа што тоа е дел од неговата биографија. Така, Тони ако лекувал луѓе и помагал на луѓе, овој бил бандит и тоа е разликата помеѓу едниот и другиот. Јас не знам на кој начин да го кажам освен вака директно и без влакна на јазик, затоа што јас како политичар не верувам ниту во еуфемизми ниту верувам во „пристојност“. Верувам во директно изложување на работите пред граѓаните. Инаку во Битола ќе победиме убедливо, а нормално е дека имаме фокус, затоа што после Скопје е втората најголема урбана средина во Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *