Велика Британија ја стави Македонија на зелена листа држави на кои им се признаваат сертификатите за вакцинација

Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска со нови протоколи за Ковид-19 со кои Република Македонија преминува во зелената листа на држави и територии на кои им се признаваат сертификатите за вакцинација.

Граѓаните на Република Македонија кои патуваат во Велика Британија, и кои примиле вакцина во земјава, ќе се сметаат за целосно вакцинирани лица под следните услови: да поседуваат со себе сертификат за вакцина за да го докажат статусот на вакцинација; да имаат примено комплетна вакцина (2 дози) најмалку 14 дена пред да пристигнат во Велика Британија; да бидат вакцинирани со некоја од следниве вакцини: Оксфорд/АстраЗенека, Pfizer BioNTech, Модерна, Јансен; сертификатот за вакцинација како доказ да биде издаден од национален или државен орган за јавно здравје и да е на англиски, француски или шпански јазик.

На веб страницата на МНР може да ги следите најдетално и најновите информации за Ковид протоколи: https://www.mfa.gov.mk/mk/page/1706/informacii-za-covid19  

Останува непроменето дека, државјаните на Република Македонија за влез во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска (ОК) им е потребна важечка британска виза или дозвола за престој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *