Кондовски: Нов лик на сообраќајната артерија во индустрискиот дел од Битола за нов импулс на локалниот развој

Голем дел од битолските индустриски капацитети се алоцирани по должината на индустриската сообраќајна артерија. Низ неа се одвива сообраќајот за потребите на индустријата, а истата ги опфаќа улицата „Индустриска“ и „Индустриски пат“. На оваа делница, поради нејзината природна инфраструктурна поставеност и подобните услови, постои голем потенцијал за нови инвестиции кои заедно мора да ги поттикнеме. Со овие зборови кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ и коалицијата, Христо Кондовски најави реконструкција на улицата Индустриска и изградба на предвиденото нејзино продолжение Инудстриски пат.

“ Ќе извршиме реконструкција на улицата „Индустриска“, а во нејзино продолжение и изградба на урбанистички планираната улица „Индустриски пат“ која излегува кај Царинскиот терминал. Индустријата како најголем локален економски потенцијал ќе ги добие сите предуслови за развој.Придобивките од инвестициите во инфраструктурата на овој дел од градот ќе бидат повеќекратни, бидејќи овие улици се дел од проектот за гасификација. Токму низ нив ќе минува гасоводот на кој ќе се вклучат сите постоечки и идни капацитети, искористувајќи го евтиниот енергенс”, рече Кондовски.

industriska 2

Кондовски подвлече дека со поддршка на централната власт, но и значајна локална поддршка за индустријата ќе се овозможи силен економски развој на Битола.

“Инвестициите од централната власт стратешки ќе ги употребиме за нови работни места и за повисоки плати за секого, тука, во Битола. Од 2022 година државата ќе ги покрива придонесите за нововработените млади. Ќе има плус стимулации, само порано да тргнат на работа. Стимулираме развој на претприемништвото на локално ниво. Малите бизниси се еднакво важни како и големите”, порача Кондовски.

Кандидатот за градоначалник ги поздрави најавите на Владата на Република Северна Македонија за зголемување на приходите на општините, при што единствен услов ќе биде општините, советите и градоначалниците да се транспарентни и отчетни, да не го кочат, да не го блокираат развојот на општината.  

industriska 3

Кондовски додаде дека развојот на општините зависи од локалните совети и ги повика граѓаните да гласаат за развој, а не за блокади. Гласот на најдобриот градоначалник мора да оди заедно со гласот за најдобрата советничка листа. Гласајте за бројот 12, порача Кондовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *