Милевски на средба со битолските стопанственици

Кандидатот за градоначалник на Битола, на коалицијата “ОДЛУЧНО“, Горан Милевски, денес оствари средба со голем број стопанственици, од најразлични сектори од Битола на кои беше разговарано за проблемите кои ги има приватниот сектор.

-Приватниците, ги истакнаа проблемите кои се однесуваат на нивната работа и понудија неколку решенија и искажаа спремност активно да се вклучат во процесот на наоѓање на решенија, рече Милевски.Милевски истакна дека е спремен да формира економски совет, кој ќе помага во работата, ама тоа да не е тело кое еднаш и два пати ќе се среќава во четири години, туку редовни средби со цел да се изнајдуваат најдобрите решенија. Секоја област треба да се препушти на професионалците и нивните концепти и идеи за развој на градот мора да се почитуваат .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *