ЛИРИМ СЕЛИМИ – Претседател на огранокот на Алијанса за Албанците НИЕ СМЕ НА ВИСТИНСКАТА СТРАНА, НИЕ ЌЕ ГО ПОДДРЖИМЕ ДОКТОР ТОНИ КОЊАНОВСКИ!

Почитувани битолчани,

Почитувани браќа Албанци! Изразувам огромно задоволство од средбата со кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија – добриот човек и пријател на многумина доктор Тони Коњановски. Задоволен сум што идеите и проектите за нашата Битола, ќе значат подобрување на животот на секој нејзин граѓанин, вклучително и на животот на секој од нас Албанците кои живееме во Битола. Развиена и просперитетна Битола, гарантирана со програмата на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, традиционалните мирољубиви односи и соживотот во Битола, ме охрабруваат дека во Битола вистина ќе дојде ново време и подобри услови за живот на сите нејзини граѓани. Ние сме на вистинската страна, ние ќе го поддржиме доктор Тони Коњановски, зашто сакаме вистина подобар живот и развиена Битола!!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *