МИЛЕВСКИ: ДАЛИ МИЛИОНСКИОТ ДОГОВОР СО АД “М-НАВ” Е ДЕЛ ОД БУЏЕТОТ НАРОДНИ ПАРИ ЗА КАМПАЊАТА НА ХРИСТО КОНДОВСКИ?

Почитувани,

Менаџерот за живот на рати Христо Кондовски постојано кажува дека никогаш не располагал со државни пари добиени од државни тендери, така изјавува на дебатни емисии, очигледно дрско лажејќи ги граѓаните! Затоа, денес повторно го прашуваме, дали е тоа вистина или преку договори за услуги склучени со државни компании стекнал вистинско богатство на маката на граѓаните? Денес го презентираме, Договорот склучен помеѓу една од фирмите на Христо Кондовски, потпишан лично од самиот Кондовски со АД во државна сопственост за вршење дејност давање услуги во воздухопловната навигација “М-НАВ”. Овој договор е потпишан и заверен на 22.02.2021 година, а неговата вкупна вредност е 1 милион денари, кои ги исплаќа договорниот орган АД во државна сопственост за вршење дејност давање услуги во воздухопловната навигација “М-НАВ”. Христо Кондовски, треба да одговори, дали овој договор, склучен со едно од најбогатите државни претпријатија, заедно со договорот склучен со АД ЕЛЕМ и тендерите добиени на конто на другите фирми од кои Кондовски е дел,се буџетот народни пари со кои ја финансира неговата скапа кампања? Христо Кондовски, треба да одговори, дали овие договори се уште на сила и дали се активни ? Време е Христо Кондовски да одговори дали неговата единствена амбиција е узурпација на Општина Битола и од неа да направи град-фирма ? Менаџерот за живот на рати, не сака да работи, туку сака само да заработи !

Пеце Милевски – носител на листа

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *