Поинаку: Слободарскиот дух на 11 Октомври го имаме и денес

Македонија денеска го одбележува 11 Октомври, Ден на народното востание на македонскиот народ, почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна. 11 Октомври е симбол на Македонскиот непокор и слободарскиот дух, се вели во соопштението од Поинаку.

„Осумдесет години подоцна, на 17-ти октомври и Битола ќе биди ослободена, ослободена од начинот на кој се носат одлуките за нејзината иднина и од партиските стеги координирани од Скопје. Битола ќе се избори за својата независност, за да биде во целост заштитена од лични апетити и партиски наредби.

Македонскиот народ пред осумдесет години самостојно се избори за својата слобода и битолчани ќе се изборат за ослободување од стегите на партиските штабови и шаблони, приоритетите и потребите на граѓаните мора да бидат основа за развојот на Битола.Поинаку е последната шанса на Битола! Честит празник!“, велат од Поинаку.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *