Кондовски: Гасификацијата и топлификацијата ќе донесат раст и развој на Битола

Гасификацијата и топлификацијата на Битола се дел од современата инфраструктура што ја градиме, а која ќе донесе раст и развој на градот, рече кандидатот за градоначалник на Битола, Христо Кондовски на денешната промоција на проектите за изградба на гасоводна и топлификациона мрежа во Битола.

“ Следната година гасот стигнува до Битола. Дистрибутивниот гасовод ќе биде пуштен во функација во мојот мандат. Општина Битола веќе има изработено основен проект со 2.800 метри гасоводна мрежа, со одобрение за градба. Во тек е изработката на проект за инфраструктура во должина од  10 км. Во координација со Владата и Националните Енергетски Ресурси, во Битола ќе започне изградба на дистрибутивна гасоводна мрежа во вредност од околу 1.000.000 евра со што ќе се создадат можности за приклучување на првите индустриски објекти во градот. Рокот за реализација на овој проект е 4 години, а проектираната вредност е 1.000.000 евра”, рече Кондовски.

Според него, гасификацијата на Битола ќе овозможи диверзификација на енергенсите, зголемување на конкурентноста на стопанството, но и заштита на животната средина преку намалување на загадувањето. Индустријата и дел од колективните станбени објекти први ќе се приклучат на дистрибутивната мрежа, за во перспектива природниот гас да стане достапен за секое домаќинство, најави Кондовски.

“ Но, и топлинската енергија од РЕК Битола ќе ја ставиме во функција на раст и развој на општината. Со користење на топлинската енергија од РЕК Битола, со реконструкција на топлинските системи, изградба на магистрален топлински вод од РЕК Битола до градот Битола во должина од 12,8 км, како и модернизирање на постојната примарна и секундарна топлинска мрежа, ќе се овозможи дел од енергијата што се произведува во РЕК Битола да се користи за греење на јавните објекти и индустриските капацитети. Општина Битола ќе ја поддржи топлификацијата која ќе биде реализирана од ЕСМ, а со која во правата фаза ќе бидат опфатени 35 јавни објекти.

Со проектот за гасификација предвидена е и пренамена од енергенсот на топланата од мазут на природен гас. За оваа цел Општина Битола во основниот проект го предвиде капацитетот на топланата и ќе изгради мернорегулациона станица во близина на топланата. Ќе бидат донесени и усвоени сите потребни дозволи и одобренија. На топлификацијата ќе бидат приклучени: училиштата, зградата на судот,градската болница, спортската сала, градинките, полицијата и зградата на ЈП Стрежево”, рече Кондовски.

Кондовски очекува со ова значително да се намали употребата на нафта и огревно дрво во домаќинствата, јавните објекти и индустријата.Со намалување на емисијата на штетни гасови, пак, ќе се подобри квалитетот на воздухот во Битола.Дополнително, сите субјекти што ќе се приклучат на топлификациската мрежа ќе имаат помали трошоци за затоплување на објектите со топлинска енергија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *