Коњановски: Ќе создадеме услови младите да останат во Битола

Мои битолчани,

Ако во минатото младите ја напуштале Битола за парче леб, денес младите ја напуштаат Битола за парче почит и зрно надеж за поквалитетен живот.Денес младите се иселуваат заради неправдите кои секојдневно им се случуваат почнувајќи од образовниот процес, шансите за еднакво оценување и запишување на факултет, шансите за еднаков третман при вработување се до интернет просторот каде се целосно незаштитени и оставени на нападите на секакви предатори. Со само една објава на интернет некој може да формира ваква или онаква т.н „соба“ и засекогаш да уништи стотици млади животи. Денес младите се исселуваат бидејќи правната држава не функционира, а тие се оставени без заштита и шанса за праведна иднина.Денес младите во Битола се пред најголемиот предизвик – каде да се вработат? Работни места или нема или се малку и несоодветни на нивното образование. Општината во изминатите 4 години комплетно го блокираше развојот на локалниот бизнис и дирекно ги стопира новите стручни работни места. Денес младите во Битола не само што немаат културно-спортска понуда за квалитетно слободно време туку немаат ни право на иницијатива да се самоорганизираат и да го остварат својот креативен потенцијал. Денес во Битола, културните лета се креирани од администрацијата, наместо од стручните луѓе во културата.Мои битолчани, гарантираме заштита за секој млад човек, да се чувствува безбедно на училиште, на улица и во интернет просторот.Гарантираме силна и конкретна поддршка за локалниот бизнис за да се отворат нови работни места за младите.Гарантираме отворена општина, заедно да ја креираме понудата на културни настани за младите.Гарантираме нов мултифункционален спортски центар со интересни соджини што одговараат на времето во кое живееме.Гарантираме вработување на најдобрите битолски студенти и нивно вклучување во реализацијата на развојната визија за Битола.Младите се иднината на Битола, да создадеме услови тие да останат овде – во Битола!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *