Јован Тозиевски, кандидат за градоначалник на Ресен од ВМРО-ДПМНЕ

Jован Тозиевски  е семеен човек, татко на две деца, по професија е дипломиран економист, вработен во Јавното претпријатие во Ресен, со претходен ангажман во МЗШВ и добар познавач на маките на земјоделците во Преспа.

Тозиевски претходно беше претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Ресен и Член на Советот на Општина Ресен во два мандати, и одлично ја познава состојбата и  функционирањето на локалната самоуправа.

На кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ  за општина Ресен,  Jован Тозиевски, му поставивме неколку прашања за неговите согледувања околу предстојните локални избори.

Што од ветеното реализираше досегашната власт и колку се задоволни жителите на општина Ресен?

  • Досегашната локална самоуправа на СДСМ ветуваше многу за Ресен и Преспа, но во изминатиов период не успеа да ја реализира предложената програма од 2017 година. Ветуваше сигурен пласман на јаболкото, реконструкција на канализационите мрежи, асфалтирање на повеќе клучни улици во Ресен, набавка на ново противпожарно возило, изградба на прочистителни станици, обезбедување на вода за пиење и довршување на водоводната мрежа, подобрување на туристичката понуда.

СДСМ во Ресен не исполни речиси ништо од ветеното.

Со кои најголеми проблеми се соочува општина Ресен?

  •  Во моментов актуелни проблеми со кои се соочува општина Ресен е немањето пласман за преспанското јаболко, недостиг на вода за пиење, недостиг на паркинзи во централното градско подрачје, недоволно простор за најмладите – игралишта, игротеки и сл. Исто така не можеме да го занемариме проблемот кој од ден во ден е се поголем , а тоа е – катастрофата на Преспанското Езеро.

Што Вие, како кандидат за градоначалник им нудите на жителите на општина Ресен?

  • На прво место би ми било да се обезбеди подобар пласман на јаболкото, зашто тоа е она од кое Преспа живее и функционира. Јаболко-производителите треба да си го добијат заслуженото, локалната самоуправа да биде нивни партнер, да се работи на привлекување на инвеститори, нови центри за откуп, како и за преработка на јаболкото.
  • Потоа би го решавал проблемот со водата за пиење – преку нови бушотини, изградба на катна гаража – за да се реши недостатокот на паркинг места. Би направил се што е можно, за спас на Преспанското Езеро, како и чистење на централната депонија во современ центар со претоварна станица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *