НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Владо Черноземски во Марсеј од пиштол во букет го застрела југословенскиот диктатор Александар

На денешен ден во 1934 година атентаторот Владо Черноземски од пиштол скриен во букет пукаше и го уби во Франција југословенскиот крал Александар Први Караѓорѓевиќ.

Во соработка меѓу македонските и хрватските револуционерни организации, Владо Черноземски извршил атентат врз југословенскиот крал Александар, поради неговата хегемонистичка политика на Балканот и кон Македонија.

Во атентатот што се случи во францускиот град Марсеј, Черноземски го убил и францускиот министер за надворешни работи Луј Барту, а потоа жандармериските сили го убиле атентаторот.

За овој настан има испеано песна во која пораката е дека „Македонија не е јужна Србија“. Хегемонистичкиот режим на Кралството Југославија, на чие чело бил кралот Александар, Вардарска Македонија ја третирал како српска бановина, без право на национално самоопределување на Македонците и право на мајчин јазик.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *