Коњановски: Поддршка за бизнисмените

Гарантираме безрезервна поддршка за сите бизниси, затоа што тие се едни од најважните катализатори на развојот на општината, вели кандидатот за градоначалник на Битола, Тони Коњановски.

„На средба со претставници на стопанството, малостопанственици, претставници од претприемаштвото, заклучивме дека развојот на Битола 4 години го кочеше СДСМ со добо позната политика на неработење и губење време заради задкулисни калкулации за тесни бизнис интереси. Како нова локална самоуправа гарантираме поддршка и подготвеност, ефикасно, ефективно и брзо општината да ги сервисира нивните барања, ние гарантираме услови тие да можат можат да ги развиваат своите бизниси, а со тоа директно да влијаат врз локалниот економски развој на Општината“ вели Коњановски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *