Зоран Лазаровски-Паљо: Сите ме знаат кој сум, што сум и што можам да направам

Крајно време е битолчани да гласаат за личност, време е за промени, вели независниот кандидат за градаоначалник на Битола Зоран Лазаровски-Паљо.

„Ова го сметам за историско гласање, најдемократско бидејќи има 6 кандидати за градоначалник на Битола и има многу советнички лиси за кандидати за советници. Граѓаните да не се плашат, да не дозволат дека ќе бидат уценети со работни места затоа што тие што имаат решение неможат да им ги одземат, можат само да ги сменат на подобла функција. И да добијат некое подолно место во својата работа, јас им ветувам дека ќе ги вратам на позицијата на која што се. Да не се плашат слободно да излезат да си гласаат така какао што треба. Овој пат крајно време е да гласаат за личност и време е за промена. Секоја промена носи две работи или ќе биде полошо или ќе биде подобро. Полошо од ова нема да биди. Нека гласаат за личност, нека гласаат за мене, сите ме знаат кој сум, што сум и што можам да направам. Програмата моја е на фејзбук, можат сите да ја видат. Не е програма што е научна фантастика, тоа е програма која што може да се оствари. На гласање заокружетего бројот 107 , крајно време е за промени, Битола нема ни една секунда време за чекање и сите заедно заеднички да одиме напред и да го изградаиме градот какао што треба“, рече Лазаровски-Паљо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *