Тони Мицевски: Секоја генерација си има свои квалитети така и сегашната со пласманот на ЕУРО!

Бевте дел од добро познатиот натпревар во кој Македонија го победи Лихтенштајн со 1:11. Можете ли да направите споредба на таа селекција со оваа денес?

  • Убаво е чуството да бидеш дел од таа репрезентација која го постигна најдобриот резултат во историјата на МАК фудбал. Секоја генерација си има свој квалитети така и ова генерација си имаше одличен успех со пласманот на ЕУРО 2020.

Бевте ли изненадени од така високата победа?

  • Секако дека бевме, имаше огромна мотивација од страна на Ѓоко Хаџиевски.

Се сеќавате ли што ви кажа селекторот Ѓоко Хаџиевски по таа победа?

  • Нормално, подобри сме од нив што побрзо го отвориме натпреварот тоа подобро.

По Лихтенштајн, ни следи натпреварот со Германија. Верувате ли дека можеме повторно да ги изненадиме?

  • Тешко ке биде тоа, али фудбал е има изненадувања. Мислам Германија нема да ни дозволи уште една бламажа и дека доаѓаат со најсилен состав и со далеку поголема мотивација за реванш.

Може ли оваа Македонија барем до бараж за пласман на СП од оваа група?

  • Во моментот тешко, доколку победевме на последните натпревари шансите беа големи.

Бевте еден од првите фудбалери со голем трансфер во Германија. Како дојде до тој трансфер?

  • Благодарение на добрите настапи со Пелистер а посебно со репрезентацијата бев пратен од Ханза Росток и тренерот Франк Пагелздорв и менаџерот Фали Рамадани и тоа на натпреварит во Елце против Шпанија.

Игравте со повеќе големи екс-ју играчи во Германија. Со кого бевте најблизок, контактирате ли и денес со некои од тие фудбалери?

  • Сеуште контактирам со Барбарез, Хујдуровиќ, Пиплица, Антун Лабак, Акраповиќ, Памиќ и др.

Дебитиравте во еден фантастичен натпревар со Партизан на „Тумбе Кафе“. Кажете ни нешто повеќе за тој момент.

  • Тоа беше мој прв настап како стартер иако загубивме 2-0 со головите на Мијатовиќ, останав запазен од тогашниот тренер Ивица Осим и после 3 месеци дојде до средба со Стојанче Ристевски и Бјековиќ, но за зал Пелистер бараше висока оштета, така да не дојде до трансвер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *