ЛШ: Киеза му пресуди на европскиот шампион, Роналдо го спаси Манчестер Ј., Барса тоне како Титаник

Со голот на Киеза во првата минута од второто полувреме, Јувентус ја оствари и втората победа во групата „Х“ во Лигата на шампионите, совладувајќи го европскиот шампион Челзи со 1:0. Во еден цврст меч во кој и двата тима одиграа безрезервно, Јуве имаше повеќе од играта и заслужено ги однесе бодовите.

Во групата „Е“ Барселона доживеа нов срам во новата сезона од ЛШ. Каталонците беа демолирани на гостувањето кај Бернфика со 3:0 и по две одиграни средби во групата по 180 минути се уште немаат постигнато гол. Херој на домашните беше 22-годишниот Уругваец Дарвин Њуњез кој постигна два од трите гола вечерва. Еден беше дело на Рафа Силва.

Баерн (М) го торпедираше Динамо (К) и не му даде простор ниту да помисли на поволен резултат. Левандовски двапати погоди во првото полувреме, а потоа на сцена стапија Гнабри, Сане и Чупо Мотинг кои ги запечатија конечните 5:0.

Роналдо уште еднаш го спаси Манчестер Ј. Со голот во завршницата на мечот, Португалецот им донесе победа на „ѓаволите“ од 2:1 на мечот со Виљареал.

Група Е

Баерн М. – Динамо Киев 5:0

Бенфика – Барселона 3:0

Група Ф

Аталанта – Јанг Бојс 1:0

Манчестер Ј. – Виљареал 2:1

Група Г

РБ Салцбург – Лил 2:1

Волфсбург – Севиља 1:1

Група Х

Јувентус – Челзи 1:0

Зенит – Малме 4:0

sportmedia.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.