ПСИХИЈАТРИСКИ ПРЕГЛЕД ЗА ЕВРОПРАТЕНИКОТ ЏАМБАСКИ

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 137

  1. Во неделава што измина во Скопје се одржа првата заедничка седница на владите на Македонија и Косово. Македонската страна се потруди да приреди невиден театар – од државнички протоколи за пречек, изведби на државните химни на двете земји (!), а врв на театарот беше потпишувањето на една дузина меѓудржавни договори! Но оваа посета на целата косовска влада ќе биде запаметена и по тоа што градскиот соображај во половина од Скопје беше блокиран со часови и предизвика невиден метеж и нервози кај граѓаните. Една жена расплакана се пожали во камера дека заради блокадите не можела да појде дури ни на сахраната на својот татко, но македонската полиција ни да чуе а камо ли да и дозволи на кутрата женичка да си појда на сахрана. Македонската полиција не научи како правилно да реагира во вакви ситуации, а можеше барем до сега да научи како тоа го регулираат етаблирани држави. Тотална блокада на соображајот се прави во воена состојба, елементарни непогоди и слични но ретки драматични ситуации и барем на половина на дел од сообраќајниците, оддалечен од местото на настанот, отежнето но сепак дозволува успорено движење на сообраќајот во интерес на граѓаните. Нешто што особено ми остави многу лош, барем на мене, впечаток беше одговорот на косовскиот премиер Албин Курти на новинарско прашање: Зошто Косово не ги предава убијците на петте младинци кај Смилковското езеро, Демири и Халиловиќ што се случи во април 2012 година. Причина за непредавањето на двајцата убијци, според Курти, била “недовербата во македонското судство”!? Замислите, еден Косовар ни дели шлаканици за состојбите во македонското судство и тоа среде Скопје!?
    Не зотми Курти, ние не сме мутави и точно знаеме зошто не ги предавате петкратните убијци. Одговорот е: За да не пропеат пред нашите органи и да кажат КОЈ Е НАРАЧАТЕЛОТ на тој злостор. А ние точно знаеме кој е нарачателот!!! Петкратното убиство се случи нецел месец пред самитот на НАТО во Чикаго каде Македонија важеше за најсериозен кандидат за прием во членство во Алијансата. Но некому (!) не му беше по воља тоа да се случи, а за да не се случи најефикасен метод секогаш бил и останува и понатаму: нарушување на меѓуетничките односи во Македонија! Целта нарачателот си ја постигна: Македонија извиси за прием во Алијансата на самитот во Чикаго, а пет семејства останаа завиени во црно.. Ете зотми Курти, да бидене начисто: тоа е причината што не ги предавате двајцата убијци, а не недовербата во македонското судство..
  2. Дали заради тоа што се изрезили со импровизацијата на обележувањето на 30 годиншнината од Референдумот за независност, или некој од страна му шепнал да се извади од калта во која длабоко заглавил, Зоран Заев (ЗЗ) организираше “научна трибина” на тема: “Патот до независноста”, со одбрано друштво учесници, меѓу кои и еден професор и министер во Експертската влада на првиот премиер на независна Македонија академик Никола Кљусев кој јавнo во неколку наврати изјави:”Независна Македонија само без мене”. На требината беше и “неизбежниот” прв претседател на плуралистичкото Собрание Стојан Андов кој по совет на генерали од КОС побегна и не учествуваше на Референдумот за независност на 8ми септември 1991. Јака трибина – нема што!? Сепак впечаток ми остави сугестијата за формирање на архив на документи и изјави на непосредни улесници во Референдумот за независност бидејки тој настан е, како што беше речено. од “исклучително значење за една нација што не се повторува”!
  3. Предлагам: пред да се прифатат кандидатурите за пратеници во Европскиот парламент во Стразбур, лицата-кандидати да покажат сертификат од психијатриски преглед со којшто ќе се гарантира дека се кадарни да ја извршуваат таа функција. Повод за оваа моја заложба е изјавата на пратеникот Ангел Џамбаски кој упати тешки навреди кон тие што се изјаснуваат како Македонци во Пиринска Македонија. Џамбаски оптужува дека во актуелниот попис во Република Македонија наводно ќе било направено сè што е можно да ги сведат Бугарите о некоја бројка, “блиска или еднаква со вкупно земено таа групичка на неколкумина преостанати испијанети дегенерици во

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *