Важни информации за граѓаните кои се имунизираа во Србија

Нашите граѓани, кои се имунизираа во Србија или во која било друга земја, може да отидат во некој од пунктовите во земјава за да ги внесат податоци и во тукашниот систем, со цел да им бидат признаени странските сертификати во нашиот систем, а со тоа и да го добијат европскиот сертификат како што е случај со оние што се имунизирале во земјава.

„Кои било наши граѓани имунизирани каде било во странство може да се јават во кој било пункт за да се внесат тие податоци. Причината зошто треба физички да дојдат е да се дадат веродостојни податоци и да им се идентификува идентитетот дека се навистина тие граѓани што се пријавуваат, а со цел да можеме да разговараме и за апликацијата ’Комун пас‘ и европскиот сертификат, тие сертификати што ги добиле во други земји да бидат признаени и ние да ги признаеме во нашиот систем и да добијат ист таков европски сертификат како граѓаните што се имунизирале кај нас“, истакна Филипче.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *