Земјоделците сметаат дека нема основа за поскапување на лебот

Земјоделците против најавеното зголемување на цената на лебот и на белите пецива. Од Асоцијацијата на земјоделци на Македонија велат дека млинарите им откупиле скоро 260 милиони килограми домашна пченица по цена од само 10,5 денари. Оваа пченица би требало да ги задоволува потребите на Македонија до крајот на месец јануари, со што според нив неоправдано е зголемување на цената на лебот до тој период, бидејќи пченицата се откупила по ниска цена.

„Тие ако имале намера да го зголемуваат лебот и другите производи од жито, тогаш зошто нас не натераа да прифатиме во интерес на цела Македонија цената да биде 10,5 денари. Тогаш ние ќе побараме доплаќање на пченицата која што ни е откупена. Уште тогаш ние знаевме дека цената е мала, но имајќи предвид дека стандардот во Македонија е низок, не реагиравме бурно во интерес на граѓаните на имаат поефтин леб“, рече Перо Стојкоски, претседател на Асоцијација на земјоделци на Македонија.

Зголемување на цената на лебот и производите од пченица би можело да има доколку се увези поскапа пченица. Според земјоделците освен домашното производство од 160 милиони килограми, државава треба да годишно дополнително да увези уште околу 200.000 милиони килограми за да се задоволат потребите на граѓаните.

„Да не повикаат нас земјоделците ние ќе им објасниме со купена пченица од 10,5 денари за килограм колку треба да чини чебот. Со 10,5 денари и оваа цена на лебот што е сега е скапа, лебот не би требало да чини повеќе од 20 денари“, додаде Стојкоски.

Земјоделците обвинуваат дека млинарите сакаат неоправдано да ќарат двојно, и на маката на земјоделците, но и неоправдано да ја покачат цената на лебот за граѓаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *