Христо Кондовски се сретна со Вицепремиерот Фатмир Битиќи

Добив уверување од Вицепремиерот Фатмир Битиќи дека Владата и понатаму силно ќе ја поддружува новата локална адмистрација на Битола !Создавање на поволна клима за домашните, пред се, локалните инвеститори и привлекување на нови странски инвестиции во градот значително ќе го зголеми економскиот развој на Битола. Тоа е приоритет кој се наоѓа високо на мојата и на агендата на македонската Влада .Со Вицепремиерот поразговаравме и за досегашните вложувања на Владата во Општина Битола, како и за проектите кои чекаат за реализација и можностите новата локална самоуправа да ги достигне проекциите за раст и развој.На крај, со Вицепремиерот го споделивме задоволството од имозантната слика на реставрираниот Офицерски дом. Неговиот кабинет беше директно вклучен во целиот процес за што Битола и битолчани му се особено благодарни !Успеавме овој монументален објект да го зачуваме за граѓаните на Битола. Сега е време сите битолчани да уживаат во примената на овој архитектонски градски бисер !

Фејсбук статус на Христо Кондовски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *