Коњановски се сретна со почесните конзули во Битола

Битола, градот центар, крстопат каде се спојувале ориентот и западот, се создавала уникатната мода преку симбиозата на ала турка и ала франга традициите, град каде погледите зајдуваат, град со илјадници приказни – мора да воскресне! На средбата со дел од почесните битолски конзули бевме едногласни: Нашата Битола европското присуство и перспектива ќе го обезбеди преку соработка, лобирање, размена на добри практики и искуства. Економијата, културата и образованието се подрачја кои треба да го постават темелот на новата европска и развиена Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *