Почина славниот водител и композитор Миња Субота

Славниот српски композитор, музичар и ТВ-водител Миња Субота почина на 82 години. Тој долго време боледувал од тешка болест, пренесуваат српските медиуми. Според нив, Субота минатата недела итно бил пренесен на одделот за пулмологија каде ја загубил битката со болеста.

Миња Субота е роден на 8 ноември 1938 година во Сараево. Дипломирал на Електротехничкиот факултет, а посетувал и основно и средно музичко училиште во Белград.

Тој беше автор и водител на емисијата „Музички тобоган“, популарна програма за деца која се емитуваше 18 години. Беше претседател на Здружението на поп-уметници на Југославија и Србија, во одборите на директори на Сојузот на композитори на Србија и Здружението на џез, поп, рок и рок музичари на Србија, а беше и член на програмскиот совет на Детски игри „Змеј“.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *