Виктор Паунов: Таринци ќе добие ново училиште за посветлна иднина на младите генерации

Кандидатот за градоначалник на општина Карбинци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Виктор Паунов, најави дека доколку тој ја добие довербата на граѓаните, во општината ќе биде изградено ново модерно училиште.

Како што вели Паунов, жителите на Таринци ќе добијат нова надеж за посветла иднина на младите генерации.

Во Таринци, во овие стари училишни згради поминаа многу генерации, а условите остануваат не променети. Оваа власт ветуваше изградба на нова енергетско ефикасна, модерна училишна зграда, но како и се во нивната програма и ова остана голема лага – вели Паунов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *