ИЗРАЕЛ РАЗМИСЛУВА ЗА 4-ТА ДОЗА, ВЕРОЈАТНО НЕ И ПОСЛЕДНА

Од ковид-19 нема куртулување па затоа земјата уште од сега треба да почне со подготовки за давање на четврта доза од вакцината, порачува првиот човек на Израел за борба против корона, професор Салман Зарка.

ПРОФЕСОР САЛМАН ЗАРКА

„Од сега па натаму тоа е животот, во бранови.

Имајќи предвид дека вирусот е тука и ќе остане да биде тука, исто така треба да се подготвиме за четврта инјекција,“ изјавил Зарка.

Тој не навел кога точно ќе биде дадена четвртата вакцина, меѓутоа објаснил дека идните засилувачи би можеле да бидат адаптирани за подобро да заштитуваат од одредени варијанти на ковид-19, како на пример од делта.

Неговото очекување е дека и четвртата доза нема да биде последна, туку дека како што минува времето така ќе се редат.

„Ако сме ја научиле лекцијата од четвртиот бран, мора да размислиме за можноста за последователни бранови со нови варијанти, како новата од Јужна Америка.

И кога размислуваш за ова и за бледеењето на силата на вакцините и антителата, изгледа дека на секои неколку месеци – а може да биде и еднаш годишно или на пет или шест месеци – ќе ни треба нова доза,“ порачал Зарка.

Според него Израел би требал да почне да дава четврта доза некаде кон крајот на 2021 или почетокот на 2022.

Израел беше прва држава во светот која почна да дава трета доза за сите на возраст над 60 години, по што полека почна да ја симнува старосната граница. Од минатата недела трета доза почнаа да примаат сите на возраст од 12 години.

Минатата недела министерството за здравство на Израел објави дека „Зелената пропусница“ (документот кој дозволува влез на одредени собири и јавни места за вакцинираните или прележаните), ќе има рок на траење од 6 месеци по примањето на втора или трета доза од вакцината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *