Македонските фудбалери испуштија два гола предност, изиграа реми во Рејкјавик

Македонската фудбаска репрезентација испушти голема шанса со победа да се врати од вечерашното гостување во Исланд, дозволивајќи им на домаќините со два гола во завршните 12 минути да се изборат за нерешен резултат од 2:2 во квалификациите за пласман на Мундојалот 2022 во Кагар.

Македонскиот состав, кој доминираше цели 70. минути во Рејкјавик, дојде во водство во 12 минута преку Дарко Велковски, а асистентот при водечкиот гол Езѓан Алиоски зголеми на 2-0 во 54 минута.

Исланд преку Кари Арнасон во 64 минута постигна гол, кој беше поништен поради офсајд, но офанзивата на домаќините, сепак, вроди со плод шест минути подоцна кога Инги Бјарнасон ја преполови предноста на македонскиот состав.

Исланд целосно се врати резултатски во игра во 84 минута со голот на Андри Гудјонсен, внесувајќи го натпреварот во неивезсна завршница, во која македонскиот состав само две минути претходно пропушти колосана шанса да го „заклучи“ натпреварот, откако резервистот Александар Трајковски ја погоди стативата во 82 минута.

Шансите пред голот на Исланд се редеа и во судиското продолжение, но ударот со глава на Дарко Чирлинов беше болокиран на самата гол линија, а веќе во следниот напад Адис Јаховиќ за малку биеше непрецизно.

Со ремито во Рејкјаваик, макеоднската репрезентација сега ги намали шанси за пласман на Мундијалот идната година и со осум бодови е третопласирана во групата Ј.

Септемврискиот циклус квалификации за пласман на Светското првенство избраниците на Благоја Милевски ќе го заокружат в среда против Романија на домашен терен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *