Херојска трка на Иџе во Имола

Игор Стефановски Иџе денеска ги освои симпатиите на  легендарната „Имола откако стартната  16. Позиција ја претвори во пласман на високото  шесто место.Македонскиот автомобилист мораше да направи неколку  претекнувања за скокот од  десет места што му донесе  нови бодови во ТЦР шампионатот на Италија.Да потсетиме дека и вчера Иџе стартуваше како 16-ти и се проби до 8-то место. Денеска триумфираше  Кевин Чекон од Италија, пред Матијас Вахтел и Душан Курил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *