Стевче Ставановски: Главниот акцент ќе го ставам кон развој на земјоделството

Со Стевче Стевановски, кандидат за градоначалник во Општин Новаци од ВМРО-ДПМНЕ,  порталот ПЕЛАНЕТ го започнува серијалот на интервјуа за представување на кандидати за градоначалници на предстојните локални избори.

Стевче Стевановски е роден во Добромири, Општина Новаци, каде што и живее со својата сопруга и трите деца. По професија е дипломиран земјоделски инженер – агроном, магистранд на насоката Производство на тутун на институтот за тутун во Прилеп.Стевче има богато работно искуство, а од 2015 година работи како советник за локална инфраструктура, сообраќај и заштита  на животната средина во Општина Новаци. Активно работи на проекти од ИПА фондовите на ЕУ и во моментот е координатор на проектот Мали нискотрошковни, еколошко прифатливи системи за наводнување. Претседател е на општинска изборна комисија 2016/21 година и претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Новаци од 2013 година до денес.

1. Како ја оценувате работата на досегашниот градоначалник на општина Новаци?

-Накратко би кажал дека работењето на сегашниот градоначалник е конфузно без концепт и визија за развој на општината. Тој од се она што им го вети на жителите на нашата општина во 2017год. не реализира скоро ништо. Ако ја прочитате неговата програма со која настапи пред жителите на Општина Новаци ќе заклучите дека скоро се што таму напишал, излажа.Ветуваше аква паркови, базени, топлификација, гасификација, системи за наводнување и што ли уште не. Од сето што го вети направи едно големо ништо.Од она што не го вети знаете што направи? Направи огромни долгови на општината, непотребно задолжуваќи ја со купување на механизација која што воопшто не беше потребен луксуз во овој момент од причина што покрај што допрва ќе јаплаќаме, туку апсурдот да е уште поголем истата создава огромни дополнителни непродуктивни трошоци врз грбот на жителите на општината.. Во општина во која секојдневно ни се намалува бројот на жители,апатијата и безидејноста кај младите е се поголема тој без никаква потреба направи уште една административна зграда која дополнително ќе создава огромни трошоци, а капака на се е што и неа допрва ќе треба да ја плаќаме. Најверојатно на овој човек најажни му се провизиите од сите овие безконцептни проекти.

Не направи ниту еден проект во насока на економски развој на Новаци и за се што им вети на граѓаните скоро ништо не исполни. Доволно е само да ја пролистате неговата програма и ќезаклучите дека не направил скоро ништо.

2. Што од ветеното реализираше досегашната власт и колку се задоволни жителите на општина Новаци?

– Како што ви кажав и претходно, скоро се од она што вети Љубе Кузманоски пред жителите во неговата програма не реализираше ни 15%, а од другото што го направи се проекти кои не носат буквално никаков развој и просперитет. Со самото негово доаѓање на функцијата градоначалник прв проект што го направи беше што си купи луксизно возило за негови лични удобности. Целиот негов мандат го потроши во проекти кои нема да донесат никаков економски развој и просперитет на општината, не обезбеди ниту еден меѓуграничен проект  од ИПА фондовите на ЕУ, ама не се штедеше да се фотографира и да се фали со таквите проекти кои беа целосно завршени од претходната локална власт на ВМРО-ДПМНЕ.

3. Со кои најголеми проблеми се соочува општина Новаци?

-Има многу работи кои недостасуваат и кои постојат како проблеми во секојдневното живеење на населението на општина Новаци. Секојдневно сум во комуникација со нив, целиот мој живот живеам таму и знам како е да се живее во рурална средина, кои се предизвиците и каков е начинот на живот. Најголем  проблем е безработицата, немањето перспектива кај  младите луѓе, потоа големи недостатоци во инфраструктура, немањето на канализациони мрежи, а живееме во 21 век, комунален хаос, нечистотија , мини депонии на секој чекор. Огромен проблем е исто така наводнувањето на земјоделските посеви имаќи предвид дека главна стопанска дејност на жителите на општина Новаци е земјоделството а до овој момент немаме ниту еден хидро систем.  Друг проблем поврзан со земјоделието е ненавремената исплата на субвенциите .

4.Каков е Вашиот впечаток од средбите со жителите на општина Новаци?

-Постојано сум излезен на терен на средби и разговори со жителите на општина Новаци и можам со сигурност да заклучам дека воопшто не се задоволни од досегашното работење на актуелниот градоначалник Кузманоски. Велат ништо од она што вети не исполни, наместо да се живее полесно во подобри услови, инфраструктурно да напредуваме, општина Новаци назадува, нема никаква перспектива и од една од најразвиените локални самоуправи во државата која претставуваше пример за стручност и работење стана анонимна, без никакви проекти и реалиација.

5.Што Вие, како кандидат за градоначалник им нудите нажителите на општина Новаци?

– Во мојата изборна програма ќе предложам голем број на проекти кои ќе ја придвижат нашата општина кон развој и просперотет, но главниот акцент ќе го ставам кон развој на земјоделството, инфраструктурниот развој, приоритет број еден  е изградбата на фекални канализациони мрежи особено кај поголемите села. Имаќи предвид што во најголем процент на жителите од нашата општина основна дејност им е земјоделското производство  уште во наредната 2022 год. ќе стремам до целосна реализација на системот за наводнување од акомулацијата Суводол, кој опфаќа близу 400ха. во атарите на селата Новаци и Добромири, грант од ИПА на ЕУ кој е отпочнат во време на ВМРО ДПМНЕ и во моментот е во финална фаза во кој проект лично јас сум координатор од самиот негов почеток.

Исто така важен елемент за развој на земјоделството кое е примарна гранка на жителите на општина Новаци е да се направи проектирање и изградба на акомулации каде е возможно тоа и обезбедување вода за наводнување на земјоделските површини ширум општината, изградба на  бушотини и артерски бунари за обезбедување  вода за наводнување на земјоделски површини со обезбедување електрична енергија до истите. Во насока на развој на земјоделството во мојата програма предлагам дополнително субвенционирање од страна на општината на целокупното земјоделско производство со посебен акцент на подигање насади и засејување на специфични земјоделски култури како и  опрема за повисоки и поквалитетни приноси на земјоделското производство.

Веднаш ќе се зафатам кон целосно инфраструктурно уредување на двете индустриски развојни зони во Новаци и Гермијан каде што планирам нивна изградба, а тоа би била основата за привлекување нови инвестиции кои би ја придвижиле локалната економија и би обезбедиле услови за вработување на младите, а со тоа ќе допринесеме кон запирање на иселувањето на младите кои се основен двигател за развој на општеството.

Сите мои напори како прв човек на општина Новаци ќе ги вложам во решавање на најсериозниот проблем со кој се соочуваат жителите во моментот а тоа е немањето на канализациона мрежа. Од 41 населено место колку што има општина Новаци, канализација има само во дел од Новаци. Затоа во мојот мандат ќе се обидам да го решам овој проблем барем во поголемите села.

Во насока на развој на енергетската ефикасност ќе обезбедиме субвенции за изведбана термо фасади, субвенции за купување на климатизери со цел намалување на загадувањето и заштита на животната средина. Во мариовскиот дел од општината каде што имаме богато историско и културно наследство, а со цел привлекување на домашни и странски туристи и развој на овој заппоставен регион од општината намерата ми е да субвенционираме во рехабилитација на старите автентични куќи во нивна пренамена за сместување на гости, мотивираќи ги жителите од овој дел на општината во насока на развој на руралниот туризам.

Ова се само дел од моите концептуални идеи што им ги нудам на жителите  за тоа како сакам да ја видам општина Новаци во овој четиригодишен мандат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *