Реакција на ВМРО ДПМНЕ за кандидатот за градоначалник на СДСМ за Битола

Ниту еден трик, ниту еден измислен и анонимен лик, најавен како “успешен бизнисмен” со туѓи пари, нема да ви помогнат да се оправдате за четирите одземени години на Битола и битолчани.Со изборот на анонимниот и неискусен Кондовски само признавте, дека ја потценувате и игнорирате Битола и битолчани имајте на ум, дека долго СДСМ не смееше да се појави меѓу битолчани.Сите лаги и ветувања се разобличени, потврдивте дека ниту имате избор ниту сериозно за Битола размислувате. Очигледно критериумите за кандидирање не се квалитетот, професионализмот и познавањето на битолските прилики и проблеми, туку обичен пазар, каде главниот трговец е Зоран Заев. Ама завршува времето во кое правилото -се е на продажба, што го практикува Зоран Заев и тоа кај битолчани не поминува. Уште помалку врват сомнителни бизнисменчиња кои освен со далавери и корупција да го полнат својот џеб, досега не покажале ништо друго.Со лошиот избор и овој пат потврдивте, дека Наташа Петровска, вашиот досегашен избор е без конкуренција во неработење, незнаење и неспособност. Ако имавте барем малку достоинство, а сега е доцна, требаше искрено да им признаете на граѓаните дека ги излагавте и манифестиравте покрај неспособноста, расипништвото, криминалот и корупцијата и незнаење да водите еден од најубавите, најградски градови – Битола.

Заради вас Битола:- нема гасификација

– нема пречистителна станица

– економски инвестиции НУЛА

– ниту едно ново работно место

– нема Мултифункционален спортски комплекс

– нема нов сточен пазар

– нема ниту реновирана, ниту нова Противпожарна станица

– има сообраќаен хаос

– ужасна инфраструктура и раскопани улици

– ѓубре на сите страни Битола мора да добие одговорно, сериозно и професионално водство, Битола мора да биде град на сите луѓе.

#УмниБитолчаниУмнаОдлука

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *