СДСМ со нови имиња во Центар, Струмица, Битола

Владејачкиот СДСМ на синoќешниот состанок на Извршниот комитет одлучил да не ги номинира актуелните градоначалници на неколку поголеми општини за уште еден мандат, туку да истрча со нови имиња.

СДСМ во Центар ќе настапи со претседателот на партискиот општински комитет Горан Герасимовски, што значи дека актуелниот градоначалник Саша Богдановиќ ја напушта функцијата после еден четиригодишен мандат.

Иста е ситуацијата и во Струмица и Битола. Се уште актуелните градоначалници на двата града – Коста Јаневски и Наташа Петровска не ја добија довербата за уште една кандидатура, бидејќи, според нашите информации, владејачката партија ги избрала пратеникот Коста Костадинов за Струмица и бизнисменот Христо Кондовски за Битола.

Што се однесува до Куманово, каде актуелниот градоначалник Максим Димтириевски одлучи да не ја чека партиската одлука и да настапи како самостоен кандидат, дознаваме дека социјалдемократите за градоначалник го предлагаат Оливер Илиевски, секретар на кумановскиот општински комитет.

Наспроти тоа, партиски извори велат дека промена нема да има во Ѓорче Петров, каде актуелниот градоначалник Александар Наумовски ќе биде кандидат за уште еден четиригодишен мандат.

Инаку, партискиот генерален секретар Љупчо Николовски попладне на прес-конференција официјално ќе ги соопшти последните одлуки во однос на градоначалничките кандидатури за претстојните локални избори, закажани за 17 октомври.

Извор: Фокус

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *