Културниот центар Иван Михајлов – Битола ги повика 120 000 македонски Бугари да учествуваат во пописот

Тие вечерва на нивната Фејсбук страна ја започнаа кампањата за претстојниот попис во Македонија.

Сонародници, браќа и сестри Македонци, Како што знаете се приближува пописот во нашата земја. Ни предстои тежок тест за нашата држава. За многумина, прашање е дали овој попис воопшто ќе се спроведе демократски и дали нашата слобода на изразување навистина е загарантирана. Но денес Културниот центар “Иван Михаилов”-Битола одлучи да ги повика сите македонски Бугари – 120.000 бугарски државјани и сите македонски патриоти, да учествуваат во пописот, прогласувајќи ја нивната вистинска бугарска етничка припадност. Ние не сме малцинство ! Ние сме вистинскиот државотворен народ во оваа земја. Нашиот македонски патриотизам и нашата должност кон нашите преродбеници, кон Илинденците и кон ВМРО денес ни наредуваат да се ослободиме од стравот и од србоманските лаги на режимските политичари и да се запишуваме како „Бугари“ за време на пописот. Ова ќе ни ги гарантира правата и патот кон европската иднина на нашата татковина. Бидете горди и верни синови и ќерки на нашите предци – пријавете се како Македонски Бугари!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *