ВИКЕНД НА МРТОВЦИ ВО ВРАПЧИШТЕ И ГОСТИВАР

Едно семејство од Врапчиште, наместо телото на нивната почината мајка, денес добило тело на непознат маж, објави ТВ21.

Од семејството за телевизијата изјавиле дека откако го прифатиле телото, забележале дека наместо нивната мајка, во ковчегот се наоѓа тело на непознат маж, поради што се упатиле кон Инфективната клиника во Скопје, каде починала жената. По повеќечасовно барање, телото било конечно пронајдено во Гостивар, каде по грешка било испратено од болницата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *