Отворени Параолимписките игри, Оливера Наковска Бикова единствен македонски адут

Вчера се одржа церемонијата на отворање на Параолимписките игри Токио 2020.
Македонската делегација ја претставуваа шефот на мисијата Драган Дојчиноски, кој го носеше знамето на Република Северна Македонија, и нашето параолимписко аташе Кристина Стојчевска.

По долгиот лет, многу сати чекање по аеродроми како и петчасовната контрола на ковид-19 и на оружјето предизвикаа сериозен умор кај нашите претставници, особено кај Оливера Наковска Бикова која иако беше одредена за знаменосец, побара да биде поштедена, што секако и беше и овозможено.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *