Милевски ги објави списокот за трите натпревари во Мундијалските квалификацискии

Доскорешниот предводник на младата, а сега селектор на најдобрата македонска репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за претстојните три натпревари во квалификациите за СП во Катар. Во однос на тимот кој го понесе товарот на претходните квалификациски натпревари како и Европското првенство, сега на списокот на Милевски има неколку нови имиња.  Тука се тројцата дебитанти, Никола Серафимов, Бојан Миовски, Тодор Тодоровски, како и повратниците Адис Јаховиќ и Стефан Ашковски, Никола Ѓорѓев.  Меѓу 26–мината фудбалери се и имињата на Аријан Адеми кој се рехабилитира од повреда, како и Бобан Николов кој е позитивен на Кови-19.  Собирот на репрезентација е закажан за во недела (29. Август) во хотел „Хилтон“ во Скопје, а првиот тренинг ќе биде во понедленик (30 август) во 17 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Македонските фудбалери во септемврискиот репрезентативен прозорец ќе играат три натпревари.  На 2 септември (20:45 часот) во Скопје ја пречекуваме селекцијата на Ерменија, а три дена подоцна (5 септемрви) на гости во Рејкјавик кај Исланд (18 часот). За 8 септември (20:45 часот) на националната арена „Тодор Проевски“ во Скопје закаќан е дуелот против Романија од која загубивме со 3:2 во привиот меч од овие мундијалски квалификаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *