Павле Богоевски ја запроси Александра Михајлова

Поранешниот независен пратеник Павле Богоевски на социјалните мрежи објави дека ја запросил својата девојка. Имено убавата Александра му кажа „ДА“ додека двајцата беа на одмор во Хвар, Хрватска, од каде и ја споделија веста дека ќе се венчаат. Двајцата уживаа на преубава плажа со кристално чиста вода, а оттаму споделија и неколку фотографии. Павле, кој беше дел од Шарената револуција, веќе подолго време е во љубов со Александра Михаилова која е од Штип.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *