Словенија користи нов лек за лекување од Ковид-19

Словенија почна да користи третман на лекување со моноклонски антитела на некои пациенти заразени со коронавирусот, соопштија денеска од словенечкото Министерство за здравство.

Како дел од договорот со Европската унија, Словенија прими 1.000 дози од експерименталниот лек кој го разви американската биотехнолошка лабораторија Regeneron, пренесуваат словенечките медиуми.

Споменатиот лек им се дава на пациентите со тешки симптоми во раниот стадиум на коронавирусот.

На почетокот на мај годинава, Словенија изрази интерес за набавка на 1.000 дози од лекот со моноклонски антитела – Sotrovimab, кој го произведува британската фармацевтска компанија GSK.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *