НИКОЛА ЗАЦЕВСКИ: КОМЕНТАРИТЕ МЕ МОТИВИРААТ УШТЕ ПОВЕЌЕ ДА СЕ ПОСВЕТАМ НА МОИТЕ ПРОЕКТИ

Колку сте задоволни од новата песна Лихнида и по што таа се разликува од Вашите досегашни песни?

Обработката на песната Лихнида има големо значење за мене затоа што овие песни што ќе бидат во овој албум со преработки на стари Македонски песни со Симфониски Оркестар се почетоците од мали нозе на мојата кариера, и морам да признаам дека сум пресреќен од финалниот производ на аудио и видео од “Лихнида” бидејќи во овој проект се вклучени голем број професионалци со кој успеавме да дадеме една нова димензија на самата песна.

Како публиката ја прими новата песна?

Досегашните коментари ме радуваат и мотивираат уште повеќе да се посветам на двата проекти паралелно, и морам да признаам дека особено драго ми е што добив голем број критики од мои колеги музичари, професори, ученици.

Каде е промовирана до сега и дали сте настапувале ова лето?

Бидејќи проектот “Лихнида” задоцни и излезе во средината на летото не успеав да ја испромовирам премногу и да се посветам за многу настапи. Имав само неколку настапи во Македонија, интервјуа на телевизии, радиа и социјални медиуми.

До каде е првиот албум?

Моментално главниот фокус е на третата песна за која се планира и видео спот, но исто така се работи и на останатите песни од двата албуми.

Најавувавте отворање на Ваше студио. До каде се подготовките?

Моето домашно студио е комплетно и моменталн работам само за мои потреби, каде творам моја музика и го поминувам поголемиот дел од денот таму.

Каде бевте на одмор?

Оваа година не успеав да си дадам преголем одмор за мене, но сепак времето што беше за одмор го поминав низ убавините во Македонија.

Што Ве прави среќен?

Среќен знаат да ме прават многу работи, поминувањето време со мојата фамилија, другари, пријатели, авантуристички работи, играње фудбал со моите другари, турнеите со фолклорните ансамбли и многу други работи.

ШЕНОЛ МЕМИШ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *