Јанша: Не е наша должност да им помагаме на сите што бегаат наместо да се борат за татковината

Премиерот на Словенија Јанез Јанша, коментирајќи ја ситуацијата во Авганистан рече дека Европската Унија нема да отвори хуманитарни или миграциски коридори за Авганистан, пренесуваат медиумите во регионот.

„Нема да дозволиме да се повтори стратешката грешка од 2015 година. Ќе им помогнеме само на поединци кои ни помогнаа нам за време на операцијата на НАТО во Авганистан и на членките на ЕУ што ја штитат нашата надворешна граница “, напиша тој на Твитер.

Јанша, исто така, објави уште еден твит, на англиски јазик: “Ако жените можат да се организираат и да се борат против Талибанците во некои делови на Авганистан, тогаш можат и мажите и треба тоа да го сторат. Не е должност на Словенија или на ЕУ да им помага и да ги плаќа сите на планетата кои бегаат наместо да се борат за својата татковина “.

makfax.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *