Македонската ракометна репрезентација доживеа уште еден непријатен пораз на СП (Видео)

Македонската ракометна репрезентација доживеа уште еден непријатен пораз на СП што се игра во Египет. Попладнево избраниците на селекторот Брестовац загубија со убедливи 32-20 од селекцијата на Русија.

 И на овој меч имавме лош старт и Русија поведе до високи  7-1. Како што течеше првото полувреме беше јасно дека Македонија нема квалитет и сила да му се спротистави на силниот противник во чии редови доминираа корпуленти ракометари па до крајот на првиот дел русите замина со предност од 19-9. Во вториот дел противникот  ги одмараше клучните играчи па во таков однос на силите  нашата селекција беше нешто подобра и одржуваше десетина голови негатива до самиот финиш.

За Македонија останува уште натпреварот со Белорусија да се поправи колку толку впечатокот во втората фаза. Филип Кузмановски со 6 погодоци беше најефикасен во нашиот тим додека кај Русија Игор Сорока кој беше прогласен за играч на мечот заврши исто така со 6 погодоци. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *